| четврток, 6 декември 2018 |

Марокански скакулци ја нападнаа скопската населба Аеродорм

skakulec

Скакулци штетници се „населија“ во скопската населба Аеродром, откако ги опустошија нивите во атарот на лакавичкиот регион, јави телевизијата Алфа. Овие инсекти најмногу може да се забележат кога ќе падне мрак.

Жителите на општина Аеродром се жалат поради големата појава на скакулци. Велат дека населбата одамна не памети вакво драстично размножување.

Експертите смируваат. Велат големата појава се должи поради драстичната промена на временските услови, но место за паника нема.

– Оваа година скакулците се имаат пренамножено поради тоа што имаше блага зима, релатвно врнежлива пролет – која што овозмоши поголем број од единките да преживеат – вели за Алфа универзитетскиот професор Слободан Банџо.

Скакулците кои се од редот „мароканци“, подолг период ги пустошеле нивите со тутун, раноградинарски производи и лозја.
Од Комисијата формирана од министерството за земјоделство, по направениот увид, велат дека јатата скакулци се во фаза на растурање, но до година, доколку не се реагира на време, ситуацијата ќе биде многу подраматична.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top