Чад и непријатна миризба се јавила претпладнево околу 11 часот во камион на „Комунална хигиена“ кој се движел по улицата „Трета македонска бригада“, известува порталот „Курир“.
Наеднаш се јавило чадење од ѓубрето, по што камионот бил запрен спроти средното училиште „Марија Кири Сколодовска“ и била повикана противпожарната единица. Откако пожарникарите почнале да интервенираат во делот од камионот каде се истура ѓубрето, почнале да се слушаат помали експлозии и ширење на непријатна миризба.
Пожарникарите прекинале со интервенцијата, а ѓубрето кое се уште чадело, од камионот на Комунална хигиена било истурено во блискиот контејнер и затрупано со песок за да се спречи чадот и непријатната миризба.
Засега не е познато што било фрлено во ѓубрето за да се предизвикаат малите експлозии, пишува Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.