Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од колицијата „За подобра Македонија“ денеска на заедничка координација одлучија да се откажат од, како што велат, јаловата дебата за уставните измени што се води во Собранието на Република Македонија.
„Пратеничката група заклучува дека е кажано сè и дека нема потреба од натамошна дебата во однос на предложените уставни измени и договорот од Преспа којшто беше отфрлен од народот на референдум. Истовремено пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За подобра Македонија’ апелираат и до пратениците од владејачкото мнозинство и тие да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по предлогот на Владата на Република Македонија за уставни измени“, се вели во соопштението.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, се вели во соопштението, ја изразија својата увереност дека предложените измени и амандманите на Уставот нема да минат во Собранието и со тој свој став го запозна раководството на ВМРО-ДПМНЕ, при што едногласно ја потврдија својата позиција дека ќе гласаат против уставните измени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.