| четврток, 6 декември 2018 |

Се јавувал, се заканувал, па отпуштал од работа: Мајка на дете со посебни потреби останала без работа, зашто не излегла на референдумот (ВИДЕО)

Жена од Скопје, мајка на дете со посебни потреби, која работела во општината Бутел, во утринска емисија го обвини градоначалникот дека ѝ се заканил и ја уценувал да излезе на референдумот да излезе да гласа. Бидејќи не излегла на референдум, била избркана од работа. жената работела во општината за 6000 денари.

-Преку секретрката негова постојано ни се јавуваа дома да гласаме. Јас не бев дома, кога се јавиле. После се проверени списоците и кога виделе дека не сум излегла на гласање, ме избркаа од работа, вели жената, која е со високо образование, но поради потребите на детето, работела со скратено работно време. Таа објаснува дека два дена по референдумот, без најава и предупредување била избркана. Исто така, таа објаснува дека биле вработени во општината на договор на дело, кој им бил продолжуван на 3 месеци, а последен пат бил продолжен точно до 30 септепври.

Таа открива дека нејзиниот сопруг, пак, добивал смс со истата содржина, а ситуацијата се вжештувала како што наближувал референдумот и било јасно дека излезноста е мала.

Таа ги повикува гласачите на СДСМ да размислат за кого ќе гласаат на следните избори.

Јавувањето на жената го разгоре гневот на граѓаните кои на социјалните мрежи побараа помош за жената и ѝ порачаа на власта дека ќе ги носи на душа сите нејзини солзи и судбината на невиното дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top