Во Африка нема пари за женски фудбал, а дел од девојките што ја практикуваат најважната споредна работа на светот, во очај поради беспарица, се одлучија за најстариот занает, проституцијата. Фудбалерките на прволигашот Квинс од Абуџа, Нигерија, немаат добиено плата цели 18 месеци, а трошоците за живот не се мали. Од скромната плата што се движи во рамки од 150 до 300 долари, голем дел од нив го хранат целото семејство. Во меѓувреме, градските власти во Абуџа останаа само на ветувања, па, за жал, дел од фудбалерките се префрлија на проституција.
„Дел од нас почнавме да просиме, да се снаоѓаме на секаков начин, бидејќи немаме ниту за леб, а ни страдаат и семејствата. Дури има и такви што се принудени да го продаваат телото за пари“, изјави една од фудбалерките на Квинс. „Кралици“, а оставени на милост и немилост, без пари и без услови за нормален живот. Африка, за жал, нема пари за женски фудбал, велат фудбалерките на Квинс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“