| четврток, 6 декември 2018 |

По стапките на Мики и Светле: Моника Црнокрак избрана за Мис фотогеничност

Ќерката на Мики и Светлана Црнокрак, Моника Црнокрак ја претставуваше Македонија на изборот за убавина Miss Summer International 2018, кој синоќа се одржа во „Мерит Ројал и Премиум“ во Киренија, Кипар.

Таа успеа да ја освои титулата за Мис фотогеничност во нејзиниот прв интернационален настап како претставник на Македонија и така продолжи по стапките на нејзината мајка Светлана Црнокрак која многу пати учествувала на избори како во Македонија, така и низ светот и освојувала титули, велат од модната агенција Црнокрак.

Победничка е претставничката на Молдавија, прва придружничка е Белорусија, а втора Португалија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top