| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје 1963: На „Илинденска“ загина и малата Кате

skopje zemjotresНа бу­ле­ва­рот „Илин­ден“, нас­про­ти се­гаш­на­та па­ла­та на Ру­бе­но­ви, по­сто­е­ја три ку­ќи во кои жи­ве­е­ја по­ве­ќе фа­ми­лии, од кои мно­гу­ми­на на­стра­даа во зем­јо­тре­сот. Ту­ка има­ше куќa и поз­на­то­то се­мејс­тво Ча­па­ров­ци. Ме­ѓу нив, исто та­каm има­ше за­ги­на­ти. До нив се на­о­ѓа­ше и ед­на згра­да на де­бра­ни, а ту­ка бе­ше и поз­на­та­та пил­јар­ни­ца што ја др­же­ше Спи­ро Тан­ту­ров­ски. Тоа коб­но утро при­род­на­та сти­хи­ја од­не­се по­ве­ќе жи­во­ти ток­му на ова ме­сто.

 Во тој дел на „Илин­ден­ска“ жи­ве­е­ше и поз­на­ти­от фуд­ба­лер Пач­ва­ров. По ха­о­сот што на­ста­на по не­кол­ку­те уда­ри на сти­хи­ја­та, мно­гу­ми­на оста­наа под ур­на­ти­ни­те, а не­кои од нас ус­пе­а­ја да истр­ча­ат на ули­ца. По пр­ви­те три сил­ни уда­ри и по слег­ну­ва­ње­то на пра­вта што се кре­на, има­ше по­чи­на­ти на са­мо­то ме­сто во об­је­кти­те, а по не­кои ли­ца се тра­га­ше, сме­тај­ќи де­ка сѐ уште се жи­ви. Од тој прв удар за­ги­на же­на­та на бра­тот на Пач­ва­ров, ко­ја не мо­же­ше да би­де спа­се­на.

На­ед­наш, про­струи глас де­ка под ур­на­ти­ни­те во ед­на­та од ку­ќи­те се на­о­ѓа и ма­леч­ка­та Ка­те, ед­но ми­ло, пре­крас­но де­вој­че, ви­стин­ска уба­ви­ца, ко­ја бе­ше ми­ле­нич­ка на ма­а­ло­то. Ве­леа де­ка има на­деж де­ка е пре­жи­ве­а­на и ин­тен­зив­но се рас­чи­сту­ва­ше те­ре­нот за да се дој­де до неа.

Во ме­ѓу­вре­ме, за­ми­нав на не­кол­ку ме­ста во око­ли­на­та, кои мо­рав да ги ви­дам. На бу­ле­ва­рот ЈНА, де­не­шен „Кли­мент Охрид­ски“ се на­о­ѓа­ше ед­на ку­ќа во ко­ја на­стра­даа најм­но­гу лу­ѓе. Има­ше во неа мно­гу за­ги­на­ти, а неј­зи­ни­те те­ме­ли, на са­ми­от тро­то­ар од ули­ца­та, и де­нес по­сто­јат. Таа оста­на ка­ко еден вид про­кол­на­то ме­сто на кое по­ве­ќе ни­кој не гра­де­ше, ни­ту не­што чеп­ка­ше на не­го. Таа е ед­на­та од ку­ќи­те, по­крај дру­ги­те, за ко­ја најм­но­гу се збо­ру­ва­ше во Скоп­је, спо­ред тра­гич­но на­стра­да­ни­те ли­ца. Ме­ѓу за­ги­на­ти­те бе­ше и до­ктор Ива­нов­ски, еден од на­ши­те пр­ви ане­сте­зи­о­ло­зи.

На ме­сто­то ка­де што де­нес се на­о­ѓа Грч­ки­от кон­зу­лат или кан­це­ла­ри­ја за вр­ски, бе­ше и ку­ќа­та на поз­на­ти­от до­ктор Ја­ков­ље­виќ, спе­ци­ја­лист за дет­ски бо­ле­сти. Во ку­ќа­та за­ги­на до­кто­рот, не­го­ва­та же­на и ќер­ка­та. Дви­жеј­ќи се на тој про­стор, за­бе­ле­жав ед­на раз­ур­на­та ку­ќа, чи­ја­што гле­тка ме по­тре­се. Ме­ѓу ур­на­ти­те ка­то­ви, од бе­то­нот бе­ше згме­че­но ед­но чо­веч­ко те­ло, чиј­што пре­ден дел бе­ше под ур­на­ти­ни­те, а са­мо но­зе­те му ви­сеа на­до­лу. Таа мор­ни­ча­ва сли­ка ни­ко­гаш не­ма да ја за­бо­ра­вам.

Ко­га се вра­тив, сѐ уште се тра­га­ше по ма­ла­та Ка­те. Бе­зус­пеш­но. По не­кол­ку де­но­ви де­вој­че­то бе­ше изв­ле­че­но мр­тво од под ур­на­ти­ни­те. Се­кој чо­веч­ки жи­вот е ска­по­цен и не­на­до­мест­лив, но ко­га ќе за­ги­не де­те тра­ге­ди­ја­та е уште по­го­ле­ма, а та­га­та и бол­ка­та бе­скрај­ни.

Пишува: Димитар Кецкаровски, пензионер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top