| четврток, 6 декември 2018 |

Туфегџиќ: Паско Кузман е пред истражен судија

pasko kuzman 3Поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман во моментот е пред истражен судија, но од судот за сега не откриваат во какво својство, дали како обвинет или како сведок. Портпаролот на Кривичниот суд за Република ја потврди информацијата, а повеќе детали најави за во текот на денот.

-Лицето е во скопскиот кривичен суд, но во моментот не можеме да изнесеме повеќе детали. Можеме да кажеме само дека се спроведуваат дествија по барање на истражен судија. Со повеќе детали во врска со случајот може да излеземе во текот на денот, изјави за Република истражниот судија Владимир Туфегџиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top