Утрово во Германија се запали експресниот воз ICE кој сообраќал од Франкфурт до Келн, а во пожарот нема повредени, соопштија германските власти.
Од возот биле евакуирани сите 500 патници, а огнот зафатил најмалку два вагона, пренесуваат германските медиуми.
Поради инцидентот кај местото Дирдорф дојде до одложување на поаѓањата на оваа делница, а како резултат на густиот чад кој се шири од запалените вагони во прекин е и сообраќајот на автопатот А3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.