| четврток, 6 декември 2018 |

Параглајдерист тешко повреден кај Крушево

Вчера околу 15:50 часот во Полициска станица Крушево од Клинички центар Битола било пријавено дека кај нив бил донесен повреден С.М.(47) од Битола кој по укажаната лекарска помош бил пренесн во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.

Од извршениот разговор со С.М. е констатирано дека со повредите се здобил истиот ден во Крушево каде полетал со параглајдер и паднал во близина на село Острилци, крушевско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top