Британецот Пол Кросли се обидел да убие две лица така што на една станица од метрото во Лондон ги турнал на шините.
Тој прво турнал момче (23) кое за среќа успеало да задржи рамнотежа со помош на другите патници, па не паднал пред воз. Кросли побегнал но нешто подоцна се вратил и се обидел да убие 91-годишен маж.
Додека старецот одел по станицата, тој се залетал и со сета сила го турнал од перонот на шините.
Мажот паднал и се здобил со тешки повреди, меѓу кои и фрактура на карлицата и повреда на главата. Едно лице кое се нашло на местото скокнало на шините и успеало да го извлече човекот, здобивајќи се притоа со изгореници на раката.
Благодарение на реакцијата на собраните граѓаните Кросли е уапсен и предаден во полиција. Тој на полицајците при апсењето им рекол само: „Не спиев добро синоќа“. Нему денеска му заврши судењето и е прогласен за виновен од страна на поротата за обиди за убиство.
„Ова беше шокантен инцидент, а жртвите имаа многу среќа. Лесно можевме да имаме истрага за двојно убиство да немаше толку храбри луѓе кои се одлучија да им помогнат на нападнатите луѓе и да го спречат Кросли“, рече меѓудругото инспекторот Дарен Гоуг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)