Претседателот на косовскиот парламент Кадри Весељи, покрај жената на Хашим Тачи, пред 10 години ја завел сопругата, но и балдската на поранешниот премиер на Косово, Агим Чеку, тврди Марко Ницовиќ, поранешен шеф на белградската полиција. Според него Весељи преку жените доаѓал до информации.
Ницовиќ вели дека на основа на информациите со кои располага, Весељи важи за главен заводник на Косово, а дека врските со сопругите на функционерите ги користил за добивање информации кои му помогнале да опстане на политичката сцена. Тоа значи дека Весељи практично преку кревет го преживеал секој политички процес на Косово.
-Кадри Весељи важи за човек кој сака да ги шармира и заведува жените на своите блиски соработници. Па тој бил во врска и со жената и со балдската на Агим Чеку. Тоа било пред околу 10 години. Тој важи за голем швалер – вели Ницовиќ.
-Весељи имал дури и српски прекар, Весели, бидејќи сакал да шармира жени. Сексот го сочува на власт- тврди Ницовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.