Најбрзиот американски атлетичар Тајсон Геј бил позитивен на допинг-тестот во мај и нема да учествува на Светското првенство во атлетика во Москва следниот месец.
Геј денеска соопшти за допингот, но не соопшти на која супстанција е позитивен. Наскоро ќе побара допинг-контрола Б .
– Едноставно му ја доверив својата кариера на некој што ме изневери – изјавил Тајсон Геј.
Американецот е втор најбрз човек на светот на 100 метри со време од 9 секунди и 69 стотинки веднаш зад неприкосновениот Јусеин Болт.
Само што се врати на патеките од повредата, Геј победи на 100 и 200 метри на државното првенство на САД кое воедно е и квалификациски турнир за Светското првенство.
Сите со нетрпение го очекуваа двобојот со Јусеин Болт, но засега такво нешто нема да се случи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.