| четврток, 6 декември 2018 |

По земјотресот во Индонезија од затворите избегале 1 200 затвореници

Најмалку 1 200 затвореници побегнале од три затвори во Индонезија откако земјотрес со јачина од 7,5 степени по Рихтер ја погоди областа во близина на островот Сулавеси.Речиси 900 затвореници избегаа од затворот во градот Палу. Затворските ѕидови се срушиле, па затворениците го искористиле тоа – едни минале покрај стражарите, додека други си заминале од главниот излез.

-Во почетокот сè беше во ред. Но, веднаш по земјотресот вода почна да избива под зградата. Наскоро настана паника, а затворениците почнаа да бегаат од страв од земјотресот. Тоа за нив беше прашање на живот и смрт –  изјави портпаролот на Министерството за правда, Шри Пугу Утами.

Затворски простории во градот Донгала се запалени, а според најновите информации, во бегство се 343 затвореници. Министерството, исто така, објави дека затворениците побарале да ги видат своите семејства по земјотресот, но биле одбиени.

Бројот на загинати во силниот земјотрес и цунамито во неделата се зголеми на 832 лица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top