Илон Маск веќе не е претседател на управата на Тесла. Маск се спогоди на суд откако беше обвинет за измама поради низа лажни твитови, а мора и да плати вртоглави 20 милиони долари казна.
Наводно Маск сакал да ја импресионира својата девојка Гримс, со која во последните недели е во климави односи.
Илон Маск и ексцентричната музичарка Гримс ја започнале врската на почетокот на оваа година, а прв пат заедно се појавија на Мет Гала.
На новинарите им признаа дека врската ја започнале откако Маск и се јавил на Гримс бидејќи го предухитрила во една гиковска шега за вештачката интелигенција.
Гримс, чие право име е Клер Бушер е 30 годишна музичарка и концептуална уметничка. На музичката сцена се појави во 2012 година, но светските медиуми ја запознаа дури откако стана девојка на Илон Макс.
Маск на почетокот на август на Твитер напиша дека размислува за повлекување на акциите на Тесла од берзата и како инвеститорите го поддржуваат тој план, дека финансирањето е осигурено и дека на акционерите им е понудено по 420 долари за акција. Маск бројот 420 му дојде до глава, а цената ја заокружил на тој број бидеји има посебна симболика во културата на канабисот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.