| четврток, 6 декември 2018 |

Тврди дека Џони Деп ја тепал, а веднаш си најде утеха со овој милијардер (ФОТО)

Пред неколку недели ги уловија и во Мајами, а сега наскоро поранешната сопруга на Џони Деп повторно е видена во друштво на милијардерот Илон Маск.

36D4EBF900000578-0-image-a-55_1470218267217

Иако Амбер Херд демантираше дека има љубовна врска со иноваторот на автомобилот „Тесла“, во исто време беше забележана во неговото друштво како напушта ноќен локал, соопштува „Дејли мејл“.

36D4EBF100000578-3721409-image-a-10_1470218745060

Двојката беше фотографирана во вторникот вечерта во Лондон. Блондинката беше облечена во црно, во свилена темна наметка со деликатна тантела, со пар кожени ракавици до глуждот и капа во иста нијанса. Заедно со нив од клубот си заминале уште две ѕвезди – Кара Делевињ и Џаред Лето.

36D4EAB600000578-0-image-a-59_1470218290456

Амбер предизвика гласини дека си поминува премногу убаво со милијардерот. Извор објасни пред изданието дека Амбер и Илон се пријатели со години. А и двајцата се наоѓаат во слична емоционална состојба.

36D4E97900000578-0-image-a-54_1470218257015

Илон, кој поседува неверојатни 12,7 милијарди долари, минува низ втор развод со сопругата – актерката Талула Рајли. Рајли поднесе барање за развод во март оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top