Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека шефовите на компаниите „Убер“ и „Тесла“ ги предложил за членови на својот Стратегиски форум.
Форумот во себе ги вклучува шефовите на компаниите што ќе го советуваат Трамп за тоа како мерките на неговата Влада ќе делуваат врз економскиот раст, создавањето нови работни места и производството, пренесоа француските медиуми.
Трамп номинациите ги соопшти на форумот на Травис Каланик, шефот на „Убер“, и на Илон Маск, шефот на „Тесла Моторс“ и на „СпејсЕкс“, неколку часа пред да се сретне со шефовите на компаниите од Силициумската долина.
Во Стратегискиот форум на Трамп веќе се вклучени Џејми Дајмон, менаџер на банката „Џеј Пи Морган Чејс“, Боб Ајгер, шефот на филмските студија „Волт Дизни“, Мери Бара, шефица на автомобилската компанија „Џенерал моторс“ и Џим МакКерни, шефот на компанијата „Боинг“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поради неа изгуби милиони и го лажеше светот: Која е фаталната девојка на Илон Маск?
-
Илон Маск ги избриша „Тесла“ и „СпејсХ“ од Фејсбук
-
Се возела осум часа за на кратко да го види нејзиното момче, па се вратила со истото такси
-
Тврди дека Џони Деп ја тепал, а веднаш си најде утеха со овој милијардер (ФОТО)