Јавно да се осудат нападите кои изминатиов период во континуитет се случуваат врз основ на сексуална ориентација, побараа претставници од „Хелсиншки комитет“ – Македонија, и членови на ЛГБТИ заедницата, денеска пред влезот на Министерството за внатрешни работи.
Тие се револтирани што сторителите и понатаму се на слобода. Повод за оваа реакција е вчерашното второ по ред каменување на куќата на актерот Петар Стојковиќ, кој пред неколку недели јавно ја обелодени својата сексуална ориентација. Од Хелсиншки и од ЛГБТИ заедницата велат дека овие насилства повеќе не смеат да се премолчуваат и институциите да реагираат пред инцидентите да резултираат со жртви.
– Владата упорно молчи за овие напади, а ефектите од таквото однесување се оние од кои што стравувавме, тоа е легитимитет, охрабрување и понатамошно насилство врз ЛГБТИ заедницата. Уште еднаш денеска повикуваме Владата и Министерството да преземат брза и ефективна истрага и да ги пронајдат сторителите на овие напади. Сметам дека не смее да се случи да дојде до посериозни жртви. МВР треба да ги најде сторителите во најскоро време – изјави денеска од пред Министерството, извршниот директор на Хелсиншки комитет, Уранија Пировска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


