Франк Рибери, фудбалерот на европскиот првак Баерн Минхен, смета дека треба да ја земе наградата „Златна топка“ за најдобар играч во светот. Смета дека сторил се што е потребно за да се закити со таа титула.
-Мислам дека сторив се што е потребно за да бидам прогласен за најдобар фудбалер во светот за изминатава година. Мислам дека ситуацијата е „сега или никогаш“. Подобро од ова, не можам да играм. Ако мислат дека не е доволно, нека одлучат поинаку – изјави Рибери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


