| четврток, 6 декември 2018 |

Рибери скромен – смета дека заслужил Златна топка

frank riberiФранк Рибери, фудбалерот на европскиот првак Баерн Минхен, смета дека треба да ја земе наградата „Златна топка“ за најдобар играч во светот. Смета дека сторил се што е потребно за да се закити со таа титула.

-Мислам дека сторив се што е потребно за да бидам прогласен за најдобар фудбалер во светот за изминатава година. Мислам дека ситуацијата е „сега или никогаш“. Подобро од ова, не можам да играм. Ако мислат дека не е доволно, нека одлучат поинаку – изјави Рибери.

 На кандидатската листа на ФИФА за „Златната топка“, покрај Рибери, се наоѓаат уште тројца фудбалери на Баерн Минхен, Томас Милер, Арјен Робен и Марио Манџукиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top