| четврток, 6 декември 2018 |

Драма на Косово: Припадниците на специјалната единица РОСУ ја зазедоа Газивода, Вучиќ прогласи вонредна состојба!

Припадниците на косовксите специјални единици РОСУ распоредени се денеска пред пладне во непосредна близина на браната и вештачкото езеро Газивода.

Како што се дознава, акцијата ја извеле 80 вооружени специјалци РОСУ, кои го опколиле езерото и ги врзале Србите вработени во хидроцентралата.

Сите се вооружени до заби, а еден дел имаат и фантомки.

Поради новонастаната ситуација претседателот на Србија, Александар Вучиќ нареди ставање на комплетната војска во највисока борбена готовност, јавуваат српските медиуми.

Кабинетот на претседателот, кој е Врховен командант ја потврдил информацијата.

Наредбата му била пренесена на началникот на Генералштабот на војската на Србија.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ изјави дека во полна готовност се и српските полициски сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top