Израелската армија објави снимки од објекти во близина на либанскиот главен град Бејрут, за каде тврди дека терористичката група Хезболах подготвува ракети за лансирање кон северен Израел.
– Во Либан, Иран му дава инструкции на Хезболах да изгради тајни бази за производство на насочувани ракети кои можат да погодат цели длабоко во Израел, со прецизност од 10 метри, обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху при своето обраќање во Генералното собрание на Обединетите нации.
Армијата на Израел објави едноминутна снимка и неколку фотографии од овие објекти кои се во близината на аеродромот во Бејрут.
Израел повремено ги ракетира позициите на Хезболах и другите проирански групи во Либан и во Сирија, за да спречи напади врз израелска територија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.