| четврток, 6 декември 2018 |

Како што некому не му е свето името, не му е света ни државата?! (фото)

Дали се слепи или не им пречи?! Овој ичкртан ѕид во централното градско подрачје, на пет чекпоти до Владата на Република Македонија служи како пано за фотографирање на Албанците во Скопје. Пораката е јасна, но кој дозволи ова да стои тука?! Разноразни закани за ширење на омрза, постапки за лични фејсбук статуси поради некакви пораки кои биле „спротивни“ на тенденцијата за градење соживот во земјава… ама графитот никому не му пречи. Тој си стои до Влада, Владата молчи, МВР молчи, молчи и скопскиот градоначалник Петре Шилегов…

Или можеби ова е само дел од референдумската кампања ЗА?! Ова е дел од Европска Македонија, дел од европските вредности и иднината?!

Или како што некому не му е свето името, не му е света ни државата?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top