| четврток, 6 декември 2018 |

АХВ: Бактерија е причина за труењето со храна во Виница

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со епидемиолог од Центарот за јавно здравје и претставници од Санитарно здравствениот инспекторат, викендов во Виница, извршија вонредна инспекциска контрола во угостителски објект – сендвичарница, по добиено известување дека има лица затруени со храна.

Од страна на инспекторите за храна, угостителскиот објект е времено затворен, наредени се мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот. Земени се мостри од храната, за која Агенцијата ги чека официјалните резултати од лабораториското испитување, иако првичните наоди говорат дека се работи за бактериска загаденост.

Затруените лица се вработени во погон на фабрика за производство на мебел, за која оваа сендвичарница согласно договор, дистрибуирала храна два пати во текот на неделата.

Aгенцијата за храна и ветеринрство во наредниве денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори кои произведуваат, подготвуваат и вршат дистрибуција на храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top