Индонезиски тинејџер преживеа 49 дена на море, пиејќи морска вода и јадејќи риба, која ја приготвувал на дрва кои ги кршел од оградата на бородот, објави Би-Би-Си.
Во средината на јули, 19-годишниот Алди Новел Адиланг се наоѓал во колиба оддалечена 125 километри од индонезискиот брег, кога силните ветришта го исфрлиле. Завршил илјадници километри во близина на Гуам, каде што на крајот бил спасен од панамски брод.
19-годишниот, од индонезискиот остров Сулавеси, работел на “ромпонг” – пловечка стапица за риби, без никакви педали или мотор.
Неговата работа била да ги запали светилките на пловилото, кои се дизајнирани да привлечат риби, пишува весникот “Џакарта пост”.
Стапицата, која е обликувана како колиба, лебди во средината на морето, но е закотвена со дното на морското дно.
Секоја недела, на тинејџерот му носеле свежи резерви на храна, вода и гориво од некој од неговата компанија, кои ги собирале рибите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)