| четврток, 6 декември 2018 |

Стојковиќ по дербито Партизан – Црвена Звезда: Утре ќе се откажам од српскиот пасош (видео)

На вчерашното вечно дерби во Белград, Партизан и Црвена звезда одиграа 1-1 и ги поделија бодовите, а на мечот најмногу контроверзи предизвика голот на Звезда кој беше признат, а според многумина топката цела не ја мина гол линијата.

Најгласен во протестите по мечот беше голманот на Партизан, Владимир Стојковиќ, кој изреволтиран од оваа одкула на судијата изјави дека му е срам што е Србин и дека ќе се откаже од српскиот пасош.

– Срам ми е што сум Србин. Утре ќе се откажам од српскиот пасош. Ќе видете. Ви се колнам дека не беше гол. Не можеш така да судиш ако не си сигурен. Прво тој не можеше да види од мене, бидејќи јас му го покривав аголот. Повторувам, срам ми е што сум државјанин на оваа земја, изјави Стојковиќ по мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top