| четврток, 6 декември 2018 |

И хрватскиот е официјален јазик во ЕУ, но претседателката на Хрватска ни се обрати на англиски (ВИДЕО)

Хрватска силно ве поддржува, сега кога се соочувате со многу важна одлука за претстојниот референдум. Вие припаѓате во семејството на ЕУ и НАТО, а Хрватска е подготвена да ви помогне на тој пат, со тоа што ќе го споделиме нашето искуство.

Ова во видеопорака до македонските граѓани во пресрет на референдумот го порача хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

Хрватската претседателка наместо на хрватски јазик, на еден од официјалните јазици на Европската унија, одлучи на македонските граѓани да им се обрати на англиски.

– Ова е можност да придонесете кон целокупната стабилност и напредок во Југоисточна Европа. На крајот одлуката е Ваша, и само ваше право. Ние ќе ве поддржиме со сите ваши напори, вели во видео пораката до граѓаните на Македонија шефицата на хрватската држава.

Претходно денеска, преку видеопорака до граѓаните на земјава во пресрет на референдумот се обратија и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и словенечкиот претседател Борут Пахор.

Вчера со видео порака на македонските граѓани се обрати и претседателот на Франција Емануел Макрон, во која вели дека договорот со Грција овозможува иднина за земјата и оти верува во мудроста на граѓаните и дека на референдумот се гласа за Северна Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top