Направена е а реконструкција на ужасната несреќа што се случила минатата сабота на аеродромот во Сан Франциско. Преку анимирано видео се покажуваат застрашувачки детали од она што му се случило на пилотот на Боингот 777 Asian Airines. Според San Francisco Chronicle, пилотот знаел што прави, бидејќи тој управувал и со Боинг 777 и со многу други модели на авиони.
Видеото покажува авион кој лета премногу ниско и премногу доцна се обидува да ја исправи положбата. Само 34 секунди по обидот, удриле во пистата.
Пилотот на Боингот 777 на авиокомпанијата Asian Airlines, кој се урна во саботата на аеродромот во Сан Франциско, при што загинаа две патнички, а 168 лица беа повредени, на инспекторите им рече дека при слетувањето го заслепила силна светлина. Тоа се случи на надморска височина од 150 метри, а американскиот Today пишува дека изјавата на пилотот сугерира дека некој кон авионот фокусирал ласер.
Заслепувањето со ласери во тој крај е чест случај и во претходните години, неколку пати сериозно ги загрозило учесниците на воздушниот сообраќај. Со цел да се стави крај на хулиганското нарушување на безбедноста во воздухот, американските судии почнаа да изрекуваат драконски казни за сторителите на ова кривично дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)