| четврток, 6 декември 2018 |

Во право е Заев: Вакви случаеви ретко има во светот, затоа целиот свет е озарен кон Македонија (ВИДЕО)

Премиерот на Република Македонија го изгубил осетот – кога го тапкаат по рамо, а кога самиот посакува да е така. Точно е дека меѓународната заедница со сајли ја влече работата за да успее референдумот, но дека Макрон нија гарантра иднината во ЕУ и НАТО… само Заев чул, само Заев видел, иако Макрон такво нешто не кажал. И да биде иронијата поголема – видеопораката на францускиот претседател е објавена на Фејсбук профилот на самиот тој премиер кој ги убедува жителите на Богданци дека Трамп го потапкал по рамото иако се сретна со потпретседателот Мајк Пенс и дека Макрон му ја ветил иднината.

Шах-мат од Макрон за Владата и Заев: На референдумот гласате за Северна, а не за европска (ВИДЕО)

„Од Вашингтон дојдов во Богданци. Добивме поддршка и од претседателот Трамп, за покажаното лидерство, за градењето пријателство, за односот фокусиран кон иднината. Стигна и порака од францускиот претседател Макрон, ни ја гарантира иднината во НАТО и ЕУ. Дојдоа во Македонија канцеларката Меркел, канцеларот Курц, Могерини.Ова е исто така признание на нашата државност, јазик и идентитет“, рече претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на денешната трибина во Богданци.

СДСМ плукаше и го навредуваше Курц, сега го моли за помош за референдумот

Tој додаде дека целиот свет ѝ дава поддршка на Република Македонија, а прашањето со референдумот е дали ќе бидеме дел од светот или сами во светот.

Премиерот Заев рече дека ја разбира мачнотијата од географската одредница, но укажа дека со договорот од Преспа се потврдуваат македонскиот јазик и идентитет.

,,Го потврдивме нашиот јазик и идентитет. Имаме држава признаена од цел свет, македонски народ признаен од цел свет, којшто говори јазик признаен од цел свет. Во Европскиот парламент како македонски премиер зборував на македински јазик. Тоа е потврда на нашиот јазик и идентитет. Со овој договор ги остваруваме вековните аспирации на нашите предци”, рече Заев.

Коѕијас до Мицотакис: „Македонскиот јазик“ официјално го предаде Нова демократија во 1977

 

Тој додаде дека ги охрабрува сите да гласаат на референдумот.

„Сите деца ќе влезат во НАТО и во ЕУ, но некои луѓе ќе се горди на себе како постапиле, некои ќе жалат, а некои ќе се срамат. Требало да се прават уставни измени. Тие ќе бидат еден амандман и како што е наведено во договорот, ќе се внесе географската одредница, со повикување на документите од АСНОМ за македонската државност, со водење грижа за дијадпората како секаде во Европа и без иредентизам и територијални претензии. Со успешен референдум, ова е работа на Собранието”, дополни претседателот на СДСМ и премиер Заев.

„Ова е одлука на нашата генерација. Шансата може да ни се повтори за 50 години. На 30. септември не се седи дома, на 30. септември се гласа се испишува историја, се гласа За европска Македонија”, повика Заев на трибината во Богданци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top