Она што премиерот Зоран Заев го изјавил за МИА, а МИА го „преформулира“, го пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.
По средбата со потпретседателот на САД Мајк Пенс македонскиот премиер дал миниинтервју и за Гласот на Америка на македонски јазик.
Спорната изјава е одговор на последното новинарско прашање за Заев од новинарот Јане Бојаџиевски.
Со оглед дека е премиер на сите граѓани на Македонија, и на оние кои се ЗА референдумот, но и на ониe кои повикуваат на бојкот. Може ли е обединување, на двете страни, ЗА иднината на Македонија?
– Јас го сонувам тоа. Го посакувам. Јас сум премиер којшто презема политичка одговорност. Можам да завршам вака или онака. Но, важно е Македонија да оди напред. Треба да разберат сите граѓани – нема друга Македонија. Ги повикувам сите да ја поддржат оваа прекрасна иднина на Македонија, изјави премиерот Заев во интервјуто за Гласот на Америка.
МИА ја тресе огромен скандал: Под притисок на Атина Заев си ги цензурира изјавите за МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)