| четврток, 6 декември 2018 |

Дали под притисок на јавноста, УЈП ќе се откаже од регистрација на пензионерите?

УЈП бара решение за пензионерите кои најверојатно ќе се спасат од обврска регистрација во системот. Бурни реакции предизвика решението кое се прелага од надлежните за системот кој треба да ги олесни процедурите, но за многумина електронскиот начин на регистрација претставува проблем пред се за пензионерите.

Дека се во игра неколку опции потврди директорката Лукаревска која кажа дека се бара најсоодветното решение во интерес на граѓаните.

И експертите реагираат дека регистрацијата во УЈП е тешка бирократија.

Иако многумина велат дека составувањето на првата електронска годишна пријава е ново и модерно решение, децидни се дека тоа ќе им го „отежни животот„ на тие кои не седат пред компјутер цело време, особено на оние кои воопшто не знаат да работат.

Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници вели дека составувањето на првата електронска годишна пријава е ново и модерно решение.

-Самата регистрација се врши според пропишани правила и процедури со кои се штитат податоците за граѓаните. За жал овие процедури не земаат предвид дека даночни обврзници се и пензионери, потоа дигитално неуки, како луѓе кои се болни дури и слепи, за кои овој бирократски чин на регистрација ќе биде посебно тежок. Ангажирањето на полномошник создава друг вид на обврски за кои треба и да се плати- вели Павле Гацов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top