Откако мажјакот крокодил завчера побегна од своето живеалиште, се поставува нова ограда во скопската Зоолошка градина.
Крокодилот избегал и преспал во езерото на патките. Тоа не било првпат, како што велат од Зоолошката градина.
Во вторникот вечерта крокодилот Ганко избегал од живеалиштето и влегол во езерото кај патките. Бил најден во езерото со патките во средата наутро, кога вработените дошле на работа и потоа повторно бил вратен во своето живеалиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.