| четврток, 6 декември 2018 |

Не знам дали се натпреваруваат за идиоти на годината или на векот

Група мажи се прогласени за идиоти на векот откако се фотографирале во стапица за крокодили на североистокот на Австралија. Министерството за заштита на природната средина и наследство на Квисленд наводно покренало истрага да открие кој ја загрозил функционалноста на стапиците поставени во марината Порт Даглас.

Стапиците се поставени во тоа подрачје откако крокодил од 4,3 метри пред две недели го убил 79-годишниот Ен Камерон.

-Вакви стапици се поставуваат во подрачја каде што има проблеми со крокодили и специјално се дизајнирани да ги привлечат, вели претставничка на Министерството за АБЦ њуз.

Момците кои влегуваат во стапицата би можеле да бидат казнети со 15 илјади американски долари . Градоначалничката на Порт Даглас Џулија Леу рекла дека е шокирана од однесувањето на момците.

-Тоа е неверојатно глупаво и опасно. Не знам само дали се натпреваруваат за идиоти на годината или на векот, вели Леу за радио АБЦ.

Министерот за заштита на природната средина и наследство на Квисленд Стивен Мајлс изјавил дека постапката на момците е една од најглупавите за кои чул.

-Имате возрасни луѓе кои пливаат во стапица за крокодили. Таа стапица е таму, зашто се соменваме дека има крокодили. Самата стапица е опасна, а целата ситуација можеше да стане уште поопасна да се појавеше крокодил, напишал Мајлс на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top