| четврток, 6 декември 2018 |

Која скопска населба утре ќе нема вода

Корисниците од улиците „Бутелска“, „Призренска“, „Коле Канински“, „Марко Крале“ и „Галичник“ во општина Бутел утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е санирање дефект на затворач со пречник од 100 милиметри на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Призренска“ во населбата „Бутел 1“.

Корисниците ќе имаат прекинато водоснабдување се додека екипа на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не го санира дефектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top