
Дваесет и четири годишна мајка од Дартмур, Англија, си го убила двегодишното синче, па со 5-годишното се фрлила од карпа висока над 30 метри.

Кетрин Хупер по жестока кавга со своето 52-годишно момче, Нил Патерсон, си го убила синчето во нејзиниот дом, па потоа со постариот син отишла до блиските карпи, па заедно со него скокнала во смрт.

Сведоците велат дека мајката го зела Џошуа во раце, па скокнала од карпата. Откако полицијата ги пронашла нивните безживотни тела, во домот на мајката го нашле мртов и двегодишниот Семјуел.

Нејзините соседи велат дека Кетрин и момчето постојано се расправале, а им следувало и судење по жестока расправија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија


