Скопје, посебно центарот на главниот град на државава се претвори во една голема депонија. Нема агол во градов за кој може да се каже дека е чист, но тоа изгледа е одлика на оваа власт која мисли дека ѓубрето зад неа треба да го чисти некој друг. Тие се уште се одесуваат како да се во опозиција и како хигиената во градот треба да биде грижа на некој друг. Зимата уште не почната, а Шигелов е во длабок зимски сон. Тој изгледа заборава дека е градски татко и дека одржувањето на комуналната хигиена е во неговиот делокруг. Пример за занемарување на своите должности се тажните слики од сметот кој остана по маршот За европска Македонија.
Изгледа почна да се чисти по потреба, како што беше случајот со пречекувањето Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, кој престојува во Македонија, а при неговото пристигнување во земјава наместо висок владин функционер, го пречека униформирано лице кое со метла го чистеше црвениот тепих.
Или пак се апсат оние кои доброволно сакаат да го исчистата градот, какао што беше случајот со актерката Ирена Ристиќ.
Ирена Ристиќ, која беше огромен поддржувач на Шарената револиција, вчера беше приведена откако пред Влада собираше пикавци и го чистеше просторот, кој претходно не бил исчистен од страна на градските служби.
Ристиќ на Фејсбук посочи на притисокот на власта, кој во полиција се обиделе врз неа да го вршат.
Таа јавно сподели и дека полицијата имала насилен однос кон неа. Ристиќ вели дека завршила со модрици.
Оќигледно Комунална хигиена излегува да чисти само кога Шилегов треба да се пофали пред граѓаните, некого да навреди или да исмее, но не секојдневно, како што тоа впрочем треба да го прави.
Имено, Шилегов по големиот сенароден митинг на опозицијата на почетокот на јуни напиша фејсбук статус: „ Го исчистивме ѓубрето. Како и секогаш…“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!
-
Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта
-
Шилегов дозволил плаќање на рати на комуналиите за зградата кај „Мајчин дом“