Жалам за настанот што се случи, го осудувам, но мора да истакнам дека македонската полиција реагираше веднаш и за неколку часа е утврден сторителот и изведен пред лицето на правдата. Тоа треба да биде поука бидејќи потпишување договор за работа на такви лица, кои не се достојни за полиција, беше одлика на некое друго време, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за свирепото убиство што во петокот го изврши 24-годишен припадник на полицијата.
По вчерашната произвика да понесе одговорност од опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово, рече, побарал информации кога полицаецот Енвер Тоска бил примен на работа.
– Сакам да ги информирам дека Митко Чавков е вистинската адреса каде треба да се обратат – одговара Оливер Спасовски.
Она што Спасовски заборава е дека како активен министер за внатрешни работи, тој ја има контролата врз македонската полиција и вработените повеќе од 15 месеци, доволно време за ревизија и соодветни акции. Она што Оливер Спасовски требаше да го научи во овие 15 месеци (плус оние 6+2 како технички министер) е да се однесува како министер и дека со вакви дегутанти изјави тој е тој што го нарушува угледот на македонската полиција.
Близок пријател на Груби и Бектеши: Кој е Енвер Тоска, убиецот од Битола (ФOTO)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка