Зоран Заев како кула од карти ги сруши позициите на Република Македонија кои беа државен континуитет изминатите две децении. Со прифаќањето на Договорот со Грција тој целосно ги урна претходно заеднички прифатените принципи и позиции за преговори за непромена на Уставот и незадирање во идентитетот, кои беа градени со години од сите влади од независноста до денес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Тоа и е јасно на целата македонска јавност на која исто така и е јасно и дека со овој договор се менува Уставот на Република Македонија, идентитетот, историјата,традицијата, патните исправи и личните документи. Тоа е болната вистина за оваа капитулација што овој човек ја потпиша и тоа е жалниот понижувачки факт кој не може да биде избришан со лаги и манипулации. Пример за манипулација и потценување на граѓаните е да се зборува за потврден и обезбеден идентитет а од друга страна да се предвидува промена на Уставот, промена на уставното име, промена на патните исправи, државјанствата и имињата на институциите, стои во реакцијата и се додава:
„Овие промени за кои Зоран Заев не сака да говори пред граѓаните, а кои прифати да се реализираат со штетниот Договор со Грција, се директно подривање на идентитетот и токму тоа се темите за кои Зоран Заев има обврска да одговори пред граѓаните, наместо да говори за придобивките од членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Граѓаните се свесни за придобивките од членството во ЕУ и НАТО и затоа со децении со огромна поддршка, поддржуваат членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Граѓаните не поддржуваат криминали, понижувања, лаги и манипулации и токму затоа не го поддржуваат Заев со неговите штетни политики“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)