Терористи на ОВК биле подготвени да пукаат во претседателот на Србија, Александар Вучиќ доколку продолжел со патот кон Бање, пренесува Србија денес. Како што пишува порталот, според оперативните сознанија на Военобезбедносната агенција, поранешните припадници на ОВК биле вооружени со долги цевки и снајпери. Поради тоа над Србија ненајавено надлетувале авионите на Војската на Србија.
Неговата посета не била реализирана поради барикадите кои долж патот биле поставени од поранешни припадници на ОВК предводени од претседателот на општината Беким Јашариј. КФОР и КПС му порачале на претседателот на Србија дека на тој дел од патот не можат да му гарантираат безбедност.
-Екстремистите беа подготвени да пукаат на Вучиќ и неговата придружба. И новинарите можеа да се уверат дека беа вооружени со долги цевки, а имаше и снајперисти. Војската на Србија беше во состојба на зголемена борбена подготвеност. Над југот од Србија ненајавено беа подигнати борбени авиони на војската на Србија – вели извор за „Србија денес“.
Колку била сериозна ситуацијата, зборува и фактот што министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, го прекинал гостувањето на телевизија и го напуштил студиото без објаснување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста