| четврток, 6 декември 2018 |

Луѓе паѓаа од небо: Пред 42 години се случи најголемата авионска несреќа во поранешна СФРЈ

Пред точно 42 години, на 10 септември 1976 година во близина на Загреб се случи најтешката авионска несреќа на просторот на поранешна Југославија.

Несреќата се случи поради грешка на контролорот на летање. Загинаа 176 патници и членови на екипажот. Беше 10. септември, 1976 година, точно во 10.14 часто. Контролорите на лет во Загреб, преплашени сфаќаат дека направиле катастрофална грешка, односно испратиле два авиони на иста висина.

Британскиот „Трајдент“ и ДЦ-9 на Инекс Адрија се судрија додека летаа со брзина од 900 км/час, а загинаа сите 176 патници и членови на екипажот на двата авиони.

Од висина од 10.000 метри на земјата паѓале делови од авионите, но и тела, на десетина километри наоколу. Очевидците од селото Дворишќе никогаш нема да ги заборават ужасните сцени кога, како што велат „луѓе паѓаа од небо како дожд“.

– Тој авион падна од мојата куќа на  200-300 метри. Немаше преживеани, се беше во пламен. Полицијата беше тука една недела  на терен и ги собираа труповите и ги ставаа во вреќи и ги носеа на друго место. Тоа беше страшно, страшно – вели Драго Гашпариќ, очевидец на несреќата.

– Бев во куќата кога нешто падна на покривот. Излегов и видов лименки од пиво, а потоа и куфери насекаде по дворот. Во еден момент во градината падна тело на маж без раце и нозе, а малку подолу имаше тело на девојче од 5-6 години – сведочеше Ивка.

За несреќата е осуден контролорот на летање во Загреб, денес покојниот Градимир Тасиќ, на седум години затвор, но многу малку поминал зад решетки, зошто неговите колеги докажаа дека во моментот на несреќата рабтоел во тешки услови, три дена по ред смена од 12 часа.

Сударот на авионите над Загреб се смета за една од најтешките воздухопловни трагедии во светот таа година и можеби најголема на територијата на поранешна Југославија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top