| четврток, 6 декември 2018 |

Ситуацијата на Косово ескалира, Вучиќ се врати во Косовска Митровица (ВИДЕО)

Стотици Албанци, меѓу кои и ветерани на УЧК, го блокираа со булдожери и греди патот кон селото Бање, каде што требаше да пристигне српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, блокадата ја органиираат вооружени некогашни борци на ОВК.

Според неофицијални информации на РТС, организатори на блокадата се градоначалниците од Дреница по наредба Кадри Весели.

Вулин изјави дека во  во околината на Дреница во Косово, каде што српскиот претседател Александар Вучиќ треба да помине до селото Бање, на пет места се пука, а според него, тоа го прават вооружени ветерани на ОВК, а одговорен е претседателот на косовското собрание Кадри Вејсели.

РТС, исто така, наведува дека КФОР и КПС не можат да гарантираат безбедност, пренесува Б92.

На снимката, која ја емитуваше РТС се гледа голема група демонстранти на патот кои носеа транспаренти против посетата на Вучиќ на Косово и Метохија.

РТС потсетува дека местото Србица ецелосно населено со Албанци, а во селото Бање има околу 300 српски куќи.

РТС тврди дека се очекуваат масовни протести и блокади, и дека има вооружени лица во оваа област.

Како што јави РТС, а на чии информации се повикуваат и светските новински агенции, по истрелите во селото Трнава, полицијата ја запрела колоната на Вучиќ на пат кон селото Бање.

По истрелите претседателот рече дека пушките не решаваат ништо.

Посетата на Вучиќ на Косово е топ тема во регионот и светот.


Вучиќ на веста за блокадите кажа дека проблемите треба да се „решаваат со зборови и ум, а не со оружје“ и дека тој „уште посилно ќе се бори за мир и заштита на Србите на Косово“.

Колоната на српскиот претседател се упати кон Косовска Митровица.

Српскиот министер Александар Вулин изјави дека блокадите ги поставиле вооружени ветерани на терористичката УЧК и дека за тоа е одговорен претседателот на косовското собрание Кадри Весељи. Небојша Стефановиќ, Српксиот министер за внатрешни работи, порача дека „сега се на испит КФОР и косовската полиција бидејќи нивната работа е да го заштитат Вучиќ при постетата на Косово“.

Безбедноста на граѓаните според косовскиот премиер Рамуш Харадинај е на прво место. Тој претпладнево објави дека ја повлекол дозволата дадена на српскиот претседател Алекдандар Вучиќ за посета на регионот Дреница.

Оваа одлука на Харадинај следи откако неколку стотици ветерани на Ослободителната војка на Косово и други жители од овој регион, го блокираа патот од каде што требаше да помине српскиот претседател Александар Вучиќ. за да го посети селото Бање, населено со Срби.

Освен блокадите се слушале и истрели од огнено оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top