Причината беше што втор пат направи сериозен сообраќаен прекршок, возеше без дозвола и без осигурување. Аргентинскиот фудбалски интернационалец сепак одлучи да замине во Торино и покрај тоа што во Англија има казна која мора да ја одработи.
Како и да е, деновиве дознаваме дека наместо метла и портокалова облека, тој на судот во Маклсфилд ќе мора да му плати парична казна, откако арбитрите одлучија да ја променат санкцијата.
Од она што Англичаните успеале да го пресметаат, колку пари всушност вреди 250 часови општествено корисна работа, на крајот излезе дека Аргентинецот ќе треба да плати 3 илјади фунти, без воопшто да се испоти.
Ако се знае дека во тимот на „Граѓаните“ заработуваше 250 илјади фунти неделно, ова за него ќе биде ситница.
Карлос Тевез се заблагодари за разбирањето и додаде дека се радува на новото поглавје во животот. Затоа пак, манчестерскиот криминолог Дејвид Грин не бил воодушевен со оваа одлука.
„Казната никако не одговара на прекршокот. Оваа постапка сигурно не ја упатува вистинската порака, бидејќи тоа е само мал дел од она кое што фудбалерот го заработува“, вели Грин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“