Претседателот на движењето Беса, Биљал Касами, во придружба на генералниот секретар Арјанит Хоџа и заменик-претседателот Абдуш Демири, го дочекаа на состанок амабасадорот на ОДИХР, Јан Петерсен.
На состанокот главната тема беше референдумот и важноста за успешно завршување на овој процес и Македонија да го продолжи својот пат кон НАТО и ЕУ.
Касами го увери амбасадорот Петерсен дека Движењето Беса максимално ќе придонесе за референдумот да биде успешен, и покрај тоа што е опозициона партија, бидејќи за Движењето Беса, важно е Албанците и сите граѓани на Македонија да имаат подобар живот и иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Касами го потсетува Заев: Доби гласови од Албанците, сега одговори на нивните барања
-
Движење БЕСА на Билал Касами: Понудата на Заев за простување, ги девалвира евро-атлантските вредности
-
БЕСА бара изедначување на македонскиот и албанскиот народ: Да, во ЕУ и НАТО како Албанци, а не како процент
-
Алијанса за Албанците бара место во ДИК, за БЕСА тоа e преседан