| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Касами – Петерсен: Беса ќе придонесе за референдумот да биде успешен

Претседателот на движењето Беса, Биљал Касами, во придружба на генералниот секретар Арјанит Хоџа и заменик-претседателот Абдуш Демири, го дочекаа на состанок амабасадорот на ОДИХР, Јан Петерсен.

На состанокот главната тема беше референдумот и важноста за успешно завршување на овој процес и Македонија да го продолжи својот пат кон НАТО и ЕУ.

Касами го увери амбасадорот Петерсен дека Движењето Беса максимално ќе придонесе за референдумот да биде успешен, и покрај тоа што е опозициона партија, бидејќи за Движењето Беса, важно е Албанците и сите граѓани на Македонија да имаат подобар живот и иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top