| четврток, 6 декември 2018 |

Мајкл Дамески во финале, само чекор до милион долари (ВИДЕО)

Дваесет и двегодишниот Мајкл Дамески, Македонец кој живеел во Австралија, синоќа стигна до финалето во познатото америкаснко шоу „World of Dance 2018“. Жирито, во кое е член е и светската ѕвезда Џенифер Лопез, и овојпат остана без зборови пред изведбата на талентираниот Дамески.

Наградата за победникот на ова шоу изнесува еден милион долари, а Дамески е само на чекор од неа.

Мајкл Дамески е роден на 7 Ноември 1995 година во Сиднеј од родители македонци татко Пеце и мајка Неда Дамески. Уште од рана возраст на шест години се учествува во натпревари за танцување без да посетува часови за тоа и се пласира во првите места. Набргу го запишуваат на часови по танцување во школата за танцување на „Гленда Ји“, а од таму заминува во „Брент Студио“.

Македонецот Мајкл Дамески го освојува „World of Dance 2018“: Твоето танцување е како емотивен ролеркостер (Видео)

Дамески во 2008 година има учествувано и на „Златно Славејче“ со песната „Еден Танц“. Мајкл последниве три годни живее во Лос Анџелес, Калифорнија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top