„Уште во насловот се гледа дека наместо да се преговара за разликите за името, се преговара и се се регулира историјата, македонскиот идентитет, меморијата, уставниот и политичкиот систем, културата. Во правото за ваквите договори велиме дека октроирани, односно наметнати, изјави денеска професорката по Уставно право од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, Гордана Силјановска на трибината насловена „Договорот на Грција со „втората страна“: Пандорина кутија или излез од лавиринтот“, која што се одржа на Филозофскиот факултет во Скопје.
Според Силјановска од правен аспект се прекршени сите конвенции на кои се темели Преспанскиот договор, и тоа посебно членот 4 од Повелбата кој вели дека на ниедна држава за членство во ЕУ не може да и се бараат да исполнува дополнителни критериуми.
- „Никаде во Преспанскиот договор не пишува што ќе се менува во Преамбулата, никаде не пишува во што се состои промената на членовите 3 и 49. Роман од 20 страници не може да реши прашање какво што е ова за името. Уште во насловот се гледа дека наместо да се преговара за разликите за името, се преговара и се регулира историјата, македонскиот идентитет, меморија, уставниот и политичкиот систем, културата. Во правото за ваквите договори велиме дека се октруирани односно наметнати решенија – изјави професорката.
Според Силјановска, ниту македонската ниту пак грчката страна не се способни сами да изнајдат решение за проблемот со името, туку ова е спроведено од некоја голема надворешна сила, идентично со Рамковниот и Дејтонскиот договор. Па вели дека ова оди во прилог на тезата на професорот Чендлер кој велел дека бездушна држава е онаа каде странците конструираат, правејќи паралела со Договорот потпишан од премиерите на Македонија и Грција.
- Кога ќе ги споредите решенијата со оној во Рамковиниот и Дејтонскиот договор ќе видите многу слични решенија затоа што Стејт билдерот е ист. Ова води кон бездушна држава затоа што странците се креаторите. Убедена сум дека еден ден ќе слушнеме кој е творец на овој договор, но јасно е дека грчкиот и македонскиот преговарач не се во хотлајн, тие и да сакале не би можеле да се договорат. Ова е уште еден глобализациски инструмент кој нема за намера да го реши измислениот проблем меѓу Македонија и Грција. Судбина ни било да сме на линијата на огнот – рече Силјановска.
Според Силјановска „Преспанското Езеро беше спектакл демократија, видеократија, идиократија во која учествуваа и претставници на Обединетите нации и ЕУ. Името на една држава е инхерентен елемент на правото на самоопределување, а правото на самоопределување е темелот на Обединетите нации и Унијата“, рече Силјановска додавајќи дека се што е напишано во договорот е директно мешање во внатрешните работи на една суверена држава.
- Идентитетските прашања не можат да бидат предмет на меѓународен договор, тоа е право на секоја нација па и на македонската. Придавката значи негирање на идентитетот. Тоа што се вели дека термините Македонија и македонски имаат значење врзано за сопствената сеанонимна историја апсолутно ништо не значи, до придавките е. Толкувањето за националноста Македонец/Државјанин на Република Северна Македонија е непознат феномен, ако се признава нешто тогаш треба да е како за сите, Грк, Французин -вели Силјановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)