Неверојатен инцидент во Зоолошката градина во Белград – крволочен волк му одгризал прст на деветгодишно дете.
Детето, кое во Зоолошката дошло со своите родители, најверојатно, ја протнало раката низ жичената ограда со намера да го погали животното, во момент кога родителите го испуштиле од вид. Волкот, очигледно, не го сфатил добронамерно потегот на детето, па немилосрдно му го откинал средниот прст од левата рака.
Деветгодишникот веднаш бил префрлен во болница, каде што му била санирана повредата.
Директорот на Зоолошката изјавил за „Танјуг“ дека детето се протнало низ заштитната ограда и дошоло до кафезот на волците, каде што стои предуредување дека станува збор за опасни животни.
Волците се свирепи животни и родени убијци. Затоа се атрактивни за луѓето и доаѓаат да ги гледаат, но не му подаваат прсти, предупредил директорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.