Пејачката Аријана Гранде запеа во чест на легендарната Арета Френклин на нејзиниот погреб.
Аријана ја запеа песната „A Natural Woman“ и ги расплака присутните, а потоа нејзе и пријде свештеникот, Чарлс Х.Елис за да и се заблагодари што и оддала почит на Арета.
Сепак, на светските медиуми нешто друго им падна при око. Свештеникот на гушна Аријана, а на социјалните мрежи се шири снимка во која тој ја фаќа во пределот на нејзините гради.
Коментарите на корисниците на Инстаграм се дека свештеникот премногу ја допирал Аријана, а дали е тоа така, проценете сами.
Во секој случај, илјадниците луѓе кои го следеа погребот на Арета Френклин го осудија потегот на свештеникот. Тој подоцна се извини поради ситуацијата, велејќи дека не му ни паднало на памет дека таа прегратка би можела да се сфати како пипкање гради. Тој објасни дека во текот на осумчасовната церемонија за погребот на Арета Френклин, го прегрнал секој кој се појавил на бината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)