Српскиот шампион, Црвена звезда успеа да се пласира во групната фаза на Лигата на шампионите првпат од воведувањето на овој формат на натпреварување откако успеа да направи чудесен пресврт во Салцбург и да извлече 2:2 реми, кое беше доволно по ремито без голови во Белград.
На Црвена звезда и се приклучија и Бенфика и ПСВ Ајндховен со убедливи победи во вторите мечеви од баражот за да ги комплетираат сите 32 клубови кои оваа година ќе играат елитен европски фудбал и ќе делат од богатиот „колач“.
Звезда имаше неочекувано голема поддршка на „Ред бул арената“ од над 9.000 навивачи, но тоа не ги спречи домаќините бргу да стигнат до позитивен резултат. Моанес Дабур во 45. минута ја искористи грешката на Савиќ за да донесе водство, а ситуацијата изгледаше безилзезна за Звезда кога во 48. минута тој го постигна вториот гол (овојпат од пенал) за 2:0 водство на австрискиот шампион, кој ја елиминираше Шкендија во претходното коло.
Меѓутоа, „црвено-белите“ не се предадоа и на сцена стапи Бен! Во 65. минута, по нафрлање на Дегенек, Французинот беше сам пред голот и не згреши, а само 60 секунди подоцна, повторно комбинација Дегенек-Бен за шок на домашните навивачи.
За Звезда ова, секако, е најголемиот успех во европските натпреварувања по сезоната 1991/92, кога како актуелни европски шампиони испаднаа во натпреварите по групи во Купот на шампиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)