Познат руски мафијаш од еден сибирски град е застрелан откако со соработниците нападнал војници кои чувале воен воз.
Според податоците, мажот идентификуван како Зданчик во блиското кафуле со своите „колеги“ славел роденден, па целото друштво било прилично пијано.
Бизарниот инцидент се случил во градот Петровск- Забајкалски, кој има 16 илјади жители, а се наоѓа јужно од Бајкалското езеро.
Во воениот извештај стои дека убиениот маж ја нападнал патролата која го чувала возот, ги игнорирал пукањата за предупредување за потоа и сам да биде застрелан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


